Излезните цени на производите на „Алкалоид АД Скопје, особено на лековите, дезинфициенсите, медицинскиот алкохол, антисептиците и останатите средства со антибактериско дејство се дистрибуираат согласно ценовниците кои важат од 1 февруари 2020 година и ќе останат исти, соопштија од фармацевтската компанија.
„Компанијата одлучи да не ги зголеми цените на ниту еден производ од било кој сегмент на своето производство независно од зголемувањето на цените на влезните суровини и логистичките и ресурсните предизвици со кои се соочува – велат од „Алкалоид“.
Од таму додаваат дека компанијата работи со максимална искористеност на своите производни капацитети и човечки ресурси.
Во компанијата преку 150 вработени се ослободени од работа заради тоа што припаѓаат на ризичните групи.