Приходи од продажби
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2023 година продажбите достигнуваат 3.104.714.658 денари, што е за 15 % повеќе во споредба со истиот периодод минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 4.346.596.075 денари, што е за 20 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.
Продажби според региони
Консолидираните продажби остварени на домашниот пазарсе зголемени за 3 %, а вкупниот консолидиран извоз накомпанијата е зголемен за 28 %. Од вкупнитеконсолидирани продажби 28 % се остварени на домашниотпазар, додека, пак, 72 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европасе остварени 29 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ иЕФТА) се остварени 22 %, во земјите од Источна Европа(ЗНД, УКР, …) се остварени 20 %, а на другите пазари еостварен 1 % од вкупните консолидирани продажби.
Најголем пораст кај извозните пазари во споредба сопрвиот квартал од 2022 година бележат продажбитеостварени во Ерменија каде продажбите се зголемени за 3 пати, потоа во Романија (раст од 51 %), Грузија (раст од 40 %), Грција (раст од 22 %), Хрватска (раст од 13 %), ЦрнаГора (раст од 12 %), Бугарија (раст од 11 %), Косово (растод 9 %), Велика Британија (раст од 9 %), Словенија (раст од7 %), Унгарија (раст од 6 %) итн.
Продажби според групи производи
Гледано според групи производи, во структурата навкупните консолидирани продажби најголемо учествозаземаат производите од сегментот фармација, и тоа 90 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со удел од 33 %, препаратите ОТЦ со 18 %, кардиолошките препарати со 11 %, невролошките препарати заземаат 11 % од вкупнитеконсолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметикаи билкарство учествува со 10 % во вкупните консолидиранипродажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 2 %. Вкупните продажбибележат пораст кај профитните центри фармација икозметика во споредба со остварените во истиот период од2022 година. Сегментот фармација бележи раст од 22 %, акозметика раст од 19%.
Инвестиции
Вкупните инвестиции во основни средства во периодотјануари – март 2023 година изнесуваат 346.520.151 денари.
Резултати од работењето
Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноцитеи пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 598.921.588 денари, бележи зголемување од околу 12 %, додека, пак, единечната нето–добивка изнесува 355.523.149 денари и езголемена за 19 %.
Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна758.445.142 денари и бележи раст од 19 %, додека, пак, консолидираната нето–добивка во износ од 441.583.321 денари е зголемена за 22 %.
При извршувањето на оперативните активностиАЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше над 1.000 домашнидобавувачи.
Вработени
Во периодот јануари–март 2023 година во АЛКАЛОИД АДСкопје се реализирани 47 нови вработувања во РСМакедонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИДАД Скопје, во март 2023 година е одобрен и исплатенрегрес за користење годишен одмор за вработените вокомпанијата во висина од нето износ од 36.500 денари.Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.678 вработени, од кои2.039 се во земјата, а 639 се вработени во подружниците востранство.
Податоци за акциите
Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат наофицијалниот пазар на Македонска берза за хартии одвредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните инајликвидните акции на берзата. Цената на акцијата вопериодот јануари – март 2023 година се движеше од17.200,00 денари до 18.100,00 денари, или просечно17.787,37 денари за една акција. На 31.03.2023 годинаакциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на5.365 акционери, физички и правни лица, a пазарнатакапитализација на компанијата изнесуваше над 25,64 милијарди денари.
Бизнис–план за 2023 година
Бизнис–планот за 2023 година, донесен со одлука наУправниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницатаодржана на 29.12.2022 година, предвидува инвестирање наоколу 11% од консолидираните приходи од продажбите воматеријални и во нематеријални средства, раст од 10% наконсолидираните продажби во однос на 2022 година, како ираст од 7% на консолидираниот профит пред оданочувањево однос на 2022 година.
Бизнис–планот за 2023 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новитепазари и производи, достапни за компанијата во моментотна изготвување на планот. Околностите и настаните во 2023 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираатво однос на прикажаните во бизнис–планот.
Очекувања за претстојниот период
Во изминатиот период друштвото се соочи со голем бројинтерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од енергетската и економската криза. Презедовме голем број мерки во досегашниот период, соцел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоада се загрози успешното работење на друштвото.
Во согласност со очекувањата, она што доминираше во2022 година, а продолжува и во првиот квартал од 2023 година е забележителниот раст на цените на голем дел одвлезните суровини и материјали, енергенсите, како ипорастот на цените на транспортот на глобално ниво, аособено и значителните пролонгирања на роковите заиспорака. Сето ова влијае и на стапката на инфлацијата штоверојатно како тренд ќе биде уште понагласен во периодотшто следи.
Како најголем предизвик и прв приоритет за периодот штодоаѓа и понатаму останува грижата за здравјето навработените, како и одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планскитецели.
ПР текст