Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана вчера донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2022 година во износ од 490,00 денари бруто, односно 441,00 денари нето по акција.
Ова значи дека во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 440,00 денари бруто, односно 396,00 денари нето, истата е повисока за 11,36%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои околу 700 милиони денари.
Исплатата на дивидендата ќе започне од 17.05.2023 година, а истата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.
Алкалоид АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 03.04.2023 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.