Денеска во второто полуфинале од Купот на Македонија ракометарите на Алкалоид иако ја немаа фаворитската улога на крајот успеаја да триумфираа против една од екипите која беше меѓу главните кандидати за пехарот, Вардар 1961.
Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров со конечен резултат 25:24.
После првото полувреме Алкалоид имаше предност од два голови разлика (15:13). На 10 минути до крајот на средбата Алкалоид имаше „плус три“ позитива (24:21), но Вардар не се предаваше и до самиот крај на мечот беше неизвесно.
Јасухира намали на 24:23, па на спротивната страна возврати Симоновски за 25:23. Повторно во соло акција Јасухира се погрижи за „минус еден“, следуваше одбрана на голманот на Вардар Томовски кој го запре ударот на Серафимов, па остана последниот напад и надеж на скопските „црвено-црни“.
Вардар успеа да изнуди пенал, Срдановиќ ја презеде одговорноста и имаше шанса да донесе израмнување, но подобар во дуелот излезе голманот на Алкалоид Галевски за голема радост на неговиот тим и пласман во финалето.
Кај стрелците во редовите на Алкалоид Серафимов постигна седум голови, а на спротивната тсрана по пет голови имаа Јасухира и Срдановиќ.
Противник на Алкалоид в недела од 19.30 часот во борбата за куп трофејот ќе биде Еурофарм Пелистер кој во првото полуфинале славеше над ГРК Тиквеш.