Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки

by vlatko 14:08
14:08

Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е невозможно да се замисли ниту еден процес од превенција, преку дијагноза, па сè до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства, изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешното одбележување во Скопје на Неделата на сестринството.

-Периодов Министерството е посветено на зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи и само за два месеца направивме силен исчекор со вработување над 1.250 лица во јавноздравствениот сектор, а голем дел од нив се токму медицински сестри. Со ова, праќаме порака дека државата ја вреднува вашата работа, вашиот труд и вашата посветеност.

Во делот на финансиска стимулација, минатиот месец го потпишавме Колективниот договор со Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, за покачување од седум отсто со мартовската плата, а потоа имаме утврдена динамика и за наредни покачувања на платите во наредните години – рече Алиу.

Тој нагласи дека остануваат посветени на постојана надградба на здравствената инфраструктура, на подобрување на статусот на медицинските сестри и на континуирано унапредување во нивните образование и професионален развој.

-Заедно ја градиме иднината во која секоја медицинска сестра и акушерка ќе биде поддржана и почитувана и заеднички придонесуваме за здравствен систем според европските стандарди – посочи министерот за здравство.

Слични вести