60
Нашите анализи велат дека, доколку Алијанса за Албанците настапи самостојно на изборите, само ќе ѝ направи услуга на ДУИ, изјави вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21 разрешениот министер за информатичко општество Азир Алиу, одговарајќи на рашањето каде се разидоа Арбен Таравари и Зијадин Села.
„Во коалиција со опозицијата, ДУИ ќе заврши конечно во опозиција“, рече Азири.
Тој додаде дека нивната „црвена линија“ за евентуална идна владина коалиција е задржувањето на европскиот пат.
„Нема да коалицираме со партија која нема да се обврзе да го задржи европскиот пат, што значи и уставни промени“, нагласи Алиу.