Македонската сениорска фудбалска репрезентација на 23 март во Скопје против Малта, на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.
Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери на кои ќе смета за споменатиот натпревар, како и за контролниот меч на 27 март против Фарски Острови.
Во квалификациската група „Ц“ покрај Македонија и Малта се и селекциите на Италија, Англија и Украина.
Македонскиот репрезентативец, дефанзивецот Езѓан Алиоски посакува успешен старт во новиот квалификациски циклус за ЕП.
„Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода. За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина. Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години – вели Алиоски.