Алиоски: Не би сакале да расипеме нешто во кариерата на Роналдо

by fokus

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува дуел против Португалија, можеби најважен меч во нашата фудбалска историја.

Нашиот репрезентативец, Езџан Алиоски верува дека Македонија ќе успее да приреди уште едно изненадување за фудбалскиот свет.

„Се уште не сме направиле ништо, а не чека уште еден чекор кон СП. Против многу селекции бевме аутсајдери, така да не ни е важно тоа. Роналдо игра на врвно ниво веќе дваесет години. Не би сакале да расипеме нешто во неговата кариера. Веруваме дека можеме до победа над Португалија“, вели Алиоски.

Фото – ФФМ

Поврзани новости