Алијанса за Албанците се приклучи на промената, преостанатиот дел е ДУИ во неволја, пишува на социјалните мрежи претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.
Несогласувањата во Алијансата почнаа кога Таравари го изрази ставот партијата да се приклучи кон албанскиот опозициски блок. Ова наиде на негодување на неговиот претходник Зијадин Села. Потоа, Таравари објави дека пред неговиот дом бил оставен куршум, а информацијата ја потврди и полицијата.
Претходно вчера беше објавено дека партијата в сабота ќе го одржи Централното собрание, по што ќе биде познато кон кого ќе се приклучи Алијансата на претстојните избори. Сепак, дел од членовите на партиското собранието, деновиве добиле порака за средба во градот Куманово, а потоа и за средба со Арбен Таравари што би се случила пред да се одржи Собранието.
Од партијата известуваат дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека тоа значи предвремено партиско собрание, туку дека се работи за собир и состанок.
„Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот“, објавија од Алијансата.