Алијансата за Албаците во март треба да оддржи конгрес на кој актуелниот лидер Зијадин Села најверојатно ќе биде реизбран за уште еден претседателски мандат.
-Постапката за организирање на конгресот е во тек. Досега само Села има доставено кандидатура. Тој најверојатно ќе биде единствен кандидат за претседател, но постои теоретска можност на денот на конгресот да се кандидира и друг – изјави за Фокус генералниот секретар на Алијансата, Арбен Таравари.
Тој додава дека АА во меѓувреме оддржува постојана комуникација со двете, условно кажано, крила на БЕСА, кои, за месецов закажаа два паралелни конгреса под логото на партијата.
-Ние немаме фаворит, не навиваме и не заземаме страна во внатрепартиските случувања во БЕСА. Ние имаме постојана и секојдневна комуникација со двете страни мислам дека така ќе биде до избори – посочува тој.
Според него, партијата е отворена за соработка со другите опозициски партии, вклулително и со ВМРО-ДПМНЕ, но, како што нагласува, само доколку успее вистински да се реформира.
В.С.