Алијанса за Албанците со повик до пратениците да се приклучат на опозицијата

by Fokus

Ги повикуваме пратениците на ова владино малцинство: сите тие што сакаат да ја спасат државата од организиран криминал, од корупција, од незнаење, да се приклучат на прогресивната опозиција, вели Алијанса за Албанците.

-Приказните за евроинтеграциите на овој пропаднат режим се само алиби за бегство од правдата. Европската унија не се постигнува со Боки13, Зоки Кичеец, Вице Заев, партизирани судии и обвинители, инспектори кои изнудуваат бизниси и купуваат и уценуваат пратеници, се додава во соопштението.

Од СДСМ очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да го почитува договореното.

Прашањето дека виси донесувањето на буџетот се отвори по новонастанатата политичка криза. Откако тој беше ставен за разгледување за утре на Комисијата за финансирање и буџет се појавија а многу дилеми – дали и како ќе дејствуваат пратениците од опозицијата, ќе има ли кворум за негово гласање на пленарна седница како и дали тој ќе биде донесен на време.

Според роковите пак, Комисијата може да расправа по буџетот за идната година 10 денови. Пет се за општа, а пет за амандманска расправа. За пленарна расправа на Седница, според Деловникот, се одредени пет дена. Тој треба да биде донесе до крајот на годината.

До година во државната каса е планирано да се соберат 3,88 милијарди евра, а да се потрошат 4,43 милијарди. Буџетски дефицит е проектиран на 4,3% или дупката во државната каса ќе тежи 545 милиони евра, но и рекорден јавен долг од 65,9% од БДП. Дефицитот ќе се финансира со заеми од дома и странство. За капитални проекти се издвоени 615 милиони евра. Проектиран е раст на економијата од 4,6 и инфалција од 2,4 проценти.

Поврзани новости