485
Алијанса за Албанците го осуди апсењето на петтемина учесници на вчерашниот протест во Тетово и преку партиско соопштение побара нивно ослободување.
„Има десетици случаи и трагедии во кои многу граѓани ги загубија животите и беа оштетени на различни начини, како резултат на последователните влади на ДУИ и во ниту еден од нив нема уапсени. Имаме 14 наши сограѓани изгорени во пожарот во модуларната болница во Тетово и сè уште нема апсења или разрешени. Во меѓувреме, кога граѓаните бараат одговорност и правда за сите овие трагедии, полицијата и власта се брзи во нивно апсење и гонење“, велат од АА.