Веруваме дека ја слушнавте бомбите кои што сами ги објавивте, како тој, заедно со челниците на ВМРО, инсталираа партиски судии и обвинители кои беа во служба на режимот ВМРО-ДУИ.
Парадоксално е Вие да побарате негова помош и на ДУИ за да го реформирате правосудниот систем, токму од оние кои ја доведоа правдата во мизерна состојба, без трунка доверба и кредибилитет.
ДУИ продолжува да ги брани сите функционери на ВМРО и нејзините блиски луѓе, што не тера да сфатиме дека оваа коалиција е сè уште жива, исто како што беше некогаш кои не дозволија да му се одземе мандатот на Трајко Веjanановски за случајот 27-ми Април, исто како и пред неколку дена кога не дозволија да биде разрешен претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
Премиеру, Вие имавте прилика да создадете услови функционерите на ДУИ вклучени во корупција и организиран криминал, заедно со партиските судии и обвинители, да дадат отчет за нивното минато, но вие тоа не го сторивте. Вие ги амнестирате, а потоа барате помош од нив, и да не не чуди ако сте станале исти како нив“, велат од Алијанса за Албанците.