771
Сега веќе владејачката партија Алијанса за Албанците направи избор на директори на институции коишто ќе му ги предложи на премиерот Димитар Ковачевски.
Информациите се дека за директор на МЕПСО ќе биде предложен пратеникот Сурија Рашиди, а за Македонски пошти советничката на Град Скопје, Бујаре Абази.
Со Фондот за пензиско осигурување би требало да раководи Арсим Хасани, а на директорската позиција во болницата во Тетово, според АА, треба да дојде Плумб Вела.
За директори на клиниките за неврологија, онкологија, дерматологија, гинекологија и офтамологија предложени се Висар Мифтари, Халид Матоши, Генц Селмани, Јетон Шаќири и Беким Татеши.
За директор на клиниката Козле предложен е Тахир Тахири, додека на Здравствен дом – Скопје, Вулнет Селими.