Контаминацијата и метастазирањето на Левица во ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на заедничките сценарија на ДУИ и ВМРО како во времето на груевизмот, сега со подршка и на СДСМ, се лесни за читање и неприфатливи за Алијансата за Албанците, реагираат денеска од Алијансата.
Поради овие причини, Алијанса за Албанците објави дека прекинува секаква соработка со овие политички субјекти, вклучително и со ВМРО-ДПМНЕ, која им беше коалиционен партнер на локално ниво.
-Целата јавност синоќа беше сведок на сценарио за напад врз Албанците од Скопје и нивните имоти, слично како во минатите сценарија каде Албанците се жртвуваа за политички цели и пазарења, а ДУИ, СДСМ и ВМРО добиваа политички поени. Не дозволуваме да бидеме ниту дел, ниту жртва на вакви сценарија. Алијансата за Албанците не дозволува повредување на Албанците, ниту омаловажување на Албанците, ниту нарушување на гордоста на Албанците. Затоа, без оглед на постојаните тенденции за извалкање на Алијансата за Албанците, нејзиниот чист и прав пат, кон западните вредности, кон целосна рамноправност на Албанците овде во Северна Македонија, објавуваме дека соработките кои се обидоа да и ги подметнат на Алијансата се само инсинуации во болните умови на нашите политички опоненти.
И ако сакаат уште еднаш да се потврди, Алијансата за Албанците е на Албанците и на никој друг, таа е на народот и на никој друг, таа е во Алијансата со НАТО и Западот и со никој друг. И за да го потврдиме тоа, како резултат на последните случувања, антиалбанските повици, сценарија кои нашиот здрав разум не може ни да ги разбере, прекинуваме секаква соработка се додека овие политички субјекти не ја рефлектираат и запираат логиката на политичко профитерство со анатемизирање на Албанците, соопштија од Алијансата.