Секаде во светот граѓаните бараат помош во болниците, додека кај нас лекарите бараат помош бидејќи не можат да се справат со условите во кои работат. (земајќи ја во предвид реакцијата на мојот пријател од време на студиите, и почитуван д-р Вулнет Бектеши пред некое време), вели Лулзим Насуфи – Претседател на АА – Огранок на Струга.
„На прв поглед изгледа чудно но, кога ќе се сетиш на партијата која е на власт веќе 20 години и на општата општествена состојба кај нас, сфаќаш дека ни здравството (болниците) не може да се разликуваат од другите области, каде што има тотална деградација во функционирањето на системот.
Еве неколку кратки факти за деградацијата на здравството и нивното функционирање во Струга, особено СТРУШКАТА ОПШТА БОЛНИЦА:
• Зградата на Општата Болница во Струга е изградена кон крајот на 1960-тите – 1970-тите години на минатиот век, што значи има 60 – 63 години и како таква планирана е за потребите на 20.000,00 – 30.000,00 жители.
Поради зголемувањето на потребите и здравствените услуги, меѓу другото поради зголемувањето на бројот на стружани, објектот остана ист, или малку поинаков, како што се зголемија услугите и персоналот, така се зголемија и типичните смешни бараки околу болницата.
И малку историја, додека ДУИ повеќе од 20 години е на власт, за ова време имаше:
•Министер во Владата
•Пратеник од Струга во Собранието
•Директор на болници во повеќе мандати
•Извесен период министерот за здравство на власт на ДУИ,
•Заменик министер за здравство на власт на ДУИ
•Министер за локална самоуправа од Струга
•Директорот на Здравствениот завод од Струга, на ДУИ – и денес
•Двајца пратеници на ДУИ, од Струга, и уште неколку други
•Градоначалник на општина ДУИ со четири мандати
•Директор
Од партијата додаваат дека многу брзо на виделина ќе излезат резултатите од родените деца за 2022 година во Струга и Охрид, и таму ќе се види разликата, како резултат на партизација и политизација во функција на гласови, дури и во болниците
„До докторот на Одделот за педијатрија, на мојот пријател, би му дал еден совет, побарај од директорот на Општата болница да ги испрати на специјализација лекарите по Општа медицина кои со години работат во болницата како општи лекари, а дотогаш да се склучат Договорите на дело за продолжување со работа, барем со лекарите кои ги исполнуваат условите за пензионирање но, покажуваат желба и интерес да работат, кога ни требаат, пишува Лулзим Насуфи – Претседател на АА – Огранок на Струга кој се залага за промени, сериозност и освестување.