Алијанса за Албанците и Алтернатива побараа оставка од Заев и Филипче

by Fokus

По објавувањето на преписката на Министерството за Здравство со фантомската компанија од Хонг Конг, со цел набавка на кинески вакцини, се потврди криминалната шема на ова министерство и премиерот Заев, велат од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Дури и во ова време на криза каде се заразуваат илјадници граѓани, кога бројот на заразени граѓани се зголемува секој ден, кога за жал се зголемува и бројот на граѓани кои ги губат своите животи, министерот Филипче и премиерот Заев немаат намера да обезбедат вакцини на редовна основа, но наместо тоа, се пазарат и за поволни цени и вложувања надвор од која било човечка норма.

Изненадувачки е како премиерот Заев ги користи компаниите споменати во таканаречените „бомби“ од криминалното делување на Груевски, за истата цел, но сега на штета на здравјето на граѓаните.

Во оваа ситуација, најлогично би било оставка од министерот Филипче и премиерот Заев, за доброто на граѓаните!“, додаваат оттаму.

Поврзани новости