79
Каналите за информирање на Алијансата за Албанците се хакирани од злонамерни поединци, велат од оваа партија.
-Против злонамерните лица за вакви сајбер криминали ќе бидат преземени неопходните законски мерки. Ниту едно соопштение од узурпираните комуникациски канали не претставува официјален став на Алијансата за Албанците и нејзините легитимни тела, до разрешување на ова прашање, за што ќе бидете навремено известени, велат од партијата на Таравари.