148
Алијанса за Албанците го суспендираше советникот од редовите на нивната партија во Шуто Оризари, кој беше уапсен во денешната полициска акција и кој се сомничи дека бил дел од криминалната група Грчец.
-Ја поздравуваме акцијата на органите на редот за обезбедување владеење на правото во земјата. Секоја активност спротивна на законот мора да биде казнета, а секое лице кое е вклучено во такви дејствија, кој е наш член, е суспендиран до крајот на судењето, задржувајќи ја презумпцијата на невиност, изјавија од партијата за „Фокус“.
Тој е суспендиран од партијата, а за советничкото место процедурата.
„Фокус“ објави дека во денешната акција беше уапсен Севдаир Азири советник во општина Шуто Оризари од редовите на Алијанса за Албанците.
Ф.Ф.С.