382
Вонредниот конгрес за избор на нов претседател што го подготвува Алијанса за Албанците наместо првично предвиденото на 17 декември ќе се одржи една недела подоцна на 24 истиот месец.
Како што информираат од партијата, причината е од технички карактер, поради зафатеност на објектот каде што беше предвидено одржувањето.
-Домот за култура беше зафатен на 17 декември. Одлучивме Конгресот да го одржиме во Тетово, многу ни значи тоа. И го одложивме за една недела и ќе се одржи на 24 декември во Домот на култура во Тетово во 12 часот – рече Арбен Таравари, кој е единствен кандидат за наследник на Зијадин Села.