455
Алијанса за Албанците формира тим кој ќе преговара за евентуалното влегување на партијата во Владата.
Лидетот на АА Арбен Таравари по вечерашната средба на партиското претседателство во Тетово, изјави дека денеска и во деновите од викендот ќе се прецизира стратегијата со која ќе настапат во преговорите, кои ќе бидат нивните барања и приоритети, а потоа и за кадровските решенија.
Најави дека во меѓувреме ќе организираат и внатрепартиски референдум на кој, како што наведе, 11.500 партиски членови ќе можат да го искажат своето мислење.
Во врска со нивното барање за обезбедување на мнозинство со Собранието за уставни измени, Таравари кажа дека се уште го нема, но оти треба да се даде шанса за да се обезбеди потребниот број пратеници