Скандалозниот тендер од проектот за централизирање на биохемиски лаборатории на централно ниво во вредност од 35 милиони евра е многу сомнителен бидејќи победничката компанија ќе има монопол на целиот бизнис на биохемиски апарати и реагенси за период од три години“, оценуваат од Алијансата за Албанците, чиј генерален секретар Арбен Таравари беше министер за здравсво пред актуелниот министер Венко Филипче.
„За да биде се уште посомнително и скандалозно говори фактот дека тендерот за кој станува збор е така составен за да победник биде една сомнителна компанија која постои не повеќе од четири месеци, а е раководена од страна на млади и неискусни луѓе во оваа област, но исто така и во областа на здравството во целина“, велат од партијата на Зијадин Села.
Од таму бараат оставка од Филипле, а овој проект да се прекине веднаш и да се предложи првенствено формирање на експертски групи кои ќе ги регистрираат постоечките апарати, фреквенцијата и обемот на работа на секоја биохемиска лабораторија, бројот на населението кои ги покрива, бројот и квалификациите на вработените во оваа област.