Практиката за предизборни вработувања стана навика на политичките партии, кои ја искористуваат власта до последниот ден за купување гласови, реагираат од Алијанса за Албанците.
„АА остро реагира на злоупотребата на работната сила и ги повикуваме надлежните органи, имено Антикорупциската комисија, да преземат конкретни мерки за да се спречи оваа појава. Властите не треба да молчат во такви случаи кога законот е отворено прекршен.
Оваа практика и штети на слободните и демократски избори, а пред сè им штети на самите граѓани кои стануваат игра на власта. Граѓаните не треба да им веруваат на ваквите вработувања и да го продаваат својот глас за работа. Вработувањето е нивно право што никој не може да го негира, па затоа не смее истата да биде основа за нивната политичка определба.
Алијанса за Албанците ќе се обиде да го спречи овој феномен со сите нејзини сили, затоа што народот е тој што треба да ја држи власта на раце, а не обратно. Владата не смее да ги држи луѓето во свои раце“, додаваат од Алијанса за Албанците.