Пратеничката група на Алијанса за Албанците жестоко му одговори на лидерот на Беса, Билал Касами на поканата сите кои не се задоволни од Арбен Таравари да му се приклучат на опозицискиот фронт за уривање на ДУИ.
-Билал Касами, Алијанса за Албанците не е само пратеничка група, не се само пратеници, а уште помалку група платеници што ги нарекувате контакти со членството на Алијанса за Албанците. АА е цела политичка структура со својата хиерархија и политичка структура која се протега во секој град, село, маало, од Липково до Битола. Од твојата маленкост како политичар не очекуваме да излезат големи зборови, туку само зборови со пораки за поделби и да се каже дека не си подготвен за големи работи, наведоа од пратеничката група на Алијанса за Албанците.
Лидерот на Беса, Касами упати јавен повик и до членовите на Алијанса за Албанците и до „Огнените“ од ДУИ да му се приклучат на опозицискиот фрон со цел уривање на ДУИ од власта.