Од Алијанса за Албанците се огласија во однос на заканувачките пораки кон пратениците на ДУИ. Од партијата велат дека најостро ги осудуваат заканите кон пратениците Албанци во Собранието на РСМ.
„Овие заканувачки пораки се и поттикнување на омраза и насилство, а претставуваат директна опасност по животите на пратениците и секој граѓанин во државата. Молкот и неказнивоста на ваквите постапки претставува охрабрување за луѓето кои овој пат се дрзнаа писмено да се закануваат, а утре можеби ќе се осмелат да дејствуваат. Релативизирањето на ваквите закани остава простор за поттикнување криминални и националистички групи во земјата.
Дополнителен мотив за овие постапки е националистичкиот пристап на Владата, суровиот јазик кој почна да се користи кон Албанците дури и од македонските политички експоненти и целосната индиферентност на албанските партии во Владата кои ни овој случај не го гледаат како доволен за осуду и институционално постапување“ се вели во реакцијата од партијата.
Оттаму повикаа органите на прогонот да го расветлат овој случај, заканувачите да се откријат и санкционираат и да испратат порака со која ќе се спречи насилството додека се уште е во фаза на вербална реторика.