736
Не потфрли синоќа Алијансата за Албанците, таа само се зацврсти на страната на правдата и народот кој бара промени, а излегоа на виделина вистинските лица на оние кои се борат против промените и го бранат режимот по секоја цена, изјави Халил Снопче, пратеник на АА.
-Една Влада со 59 пратеници се чатали и дрско се однесува кон граѓаните и бара спас преку уцени, закани, купување или киднапирање пратеници. Еден хибриден режим кој се повикува на европски вредности, а целиот нејзин мандат и крајот се карактеризира со постапки и скандали спротивни на тие вредности. Синоќа не потфрли новото мнозинство, а уште помалку опозицијата. Синоќа се вклучи алармот за сите граѓани и за меѓународната заедница – рече Снопче.