Откако Апелациониот суд во Гостивар го врати на повторно судење прашањето за печатите на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари изјави дека со оваа одлука партијата останува на мнозинство членови.
-Апелациониот суд одлучи дека партијата Алијанса за Албанците припаѓа на апсолутното мнозинство. Партијата се враќа во своето членство – рече Таравари.
И ВЛЕН ова го оцени како победа на граѓаните, победа на правдата и на партиското членство.
-Благодарам на сите членови кои не се откажаа, продолжија и ја продолжуваат својата битка за подобар живот. Благодарам на Албанците кои иако беа фатени во грдата замка на лажни вести и интриги, не се откажаа и нема да се откажат од оваа партија – истакна пратеникот Ријад Шаќири.
Елми Азири, од крилото на Зијадин Села, пак, изјави дека тоа што го прави Таравари е предвремен триумфализам.
-Сакаме да потсетиме дека одлуката на Апелација е донесена по долго одложување и по бројни изјави на наши поранешни сопартијци дека, цитирам „со промената на Владата ќе се промени и одлуката на судот – нагласи Азири.