Алијанса: Пратениците да се повлечат од СДСМ-ДУИ, бродот што тоне

by Fokus

Повикуваме на рушење владата и избори бидејќи вчера како што видовме ЕУ не даде датум, а ова покажува дека режимот СДСДМ и ДУИ не дава резултати за евроинтеграциите, рече Елми Азири од Алијансата на Албаниците.

-Не е важно кој ќе биде во новата влада, но гледаме дека не дадоа резултат преговорите со Бугарија, а поради лошото менаџирање на овој режим граѓаните се соочуваат со кризи, а режимот СДСМ-ДУИ ја донесе земјава на врвот.
Корупцијата почна да ги чини живот граѓаните, поминаа три месеци од трагедијата во Тетово како и од несреќата во Бугарија и никој не поднесе одговорност, додаде тој.

Азири додаде дека власта ја донессла земјата во слепа улица, затоа повикуваат пратениците да се повлечат од бродот што тоне и да се приклучат кон другата страна која е за техничка влада и нови избори.

 

Поврзани новости