Алијанса на Албанците кон Владата на Заев: Од арното се бега ли?

by fokus

Тргнувајќи од тенденциозните оценки на Владата на Заев за да ја камуфлира невработеноста, пред да се фалите за намалување на невработеноста, претходно проверете ги податоците за пазарот на труд, каде што категоријата активно население се гледа како целина (оние кои во моментов се вработени и оние кои се невработени, но не бараат работа), велат од Алијанса за Албанците.

„Според Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија:
– Во четвртиот квартал од 2014 година бројот на активно население изнесувало 961.416,
– Во третиот квартал од 2018 година паднало на 958.770 лица,
– Додека во последниот квартал од 2018 година, активното население претрпе повторен  пад на 957.609 лица.

Во меѓувреме, бројките за растот на пасивната популација бележат зголемување:
– Во четвртиот квартал од  2014 година имало 714.782 неактивни лица.
– Во третиот квартал од 2018 година се зголеми на 724.127 неактивни лица.
-А во последниот квартал од 2018 година, бележи 725.539 лица давајќи
сериозни индикации дека земјата ризикува да стане држава на пасивно
население (оние кои се невработени и оние не бараат работа).

Но, ако кога зборувате за намалување на невработеноста сакате да зборувате за намалување на невработеноста во вашето семејство, тогаш сте во право. Додека намалувањето на активното и зголемување на пасивното мислиме дека не треба да се гледа како достигнување.

Не сакајќи да веруваме дека ова е моделот на држава кој што сакате да постигнете, ви препорачуваме да ги разгледате податоците, а ако не сакате тоа да го направите, тогаш поминете покрај Германската амбасада за да ги видите долгите редици на граѓани каде што секој ден аплицираат над 800 граѓани за работни визи, на кои заминувањето им остана единствена опција. Во меѓувреме запрашајте се:

Од арно се бега ли?!“, велат од партијата.

Поврзани новости