Алијанса и Алтернатива не сакаат коалиција со Али Ахмети

by Fokus

Алијансата за Албанците и Алтернатива ја отфрлија албанската платформа со пет точки која ДУИ вчера ја промовираше. За генералниот секретар на Алијансата, Арбен Таравари, понудата е многу несериозна, уште повеќе што доаѓа од една партија која без прекин е 18 години на власт.

-Што не им текна на една ваква Платформа пред една, пет или 10 години. Како е можно да заборават на декларацијата од 7 јануари 2017 години каде еден од побитните политички инструменти беше свикување на тркалезна маса на политичките парламентарни партии на Албанците кои г. Ахмети никогаш не ја свика во последните три години. Тој веќе имаше политички инструмент како најголема партија на Албанците да ги свикува за важни прашања партиите на Албанците со претставници во Собранието. Тоа не го стори ниту еднаш. Многу несериозна е ваквата понуда, вели Таравари за Слободен печат.

Поврзани новости