Алијанса денеска избира раководни органи и одлучува за влез во Владата?

by Fokus

Централното собрание на Алијанса за Албанците денеска ќе ги избира раководните органи на партијата откако пред околу еден месец на вонреден конгрес Арбен Таравари беше избран за претседател, функција која околу три месеци ја извршуваше како в.д. откако претходниот лидер Зијадин Села си поднесе оставка.

Централното собрание се очекува да почне околу 12 часот, а ќе се одржи во Куманово. Покрај избор на ново раководство, очекувањата се партијата денеска да расправа и за евентуален влез во Владата.

Ѕокму влезот во владината коалиција  деновиве е во фокусот на јавноста, а во дел од медиумите се појавија и информации за распределбата на ресори односно министерства со кои би можеле да раководат кадри на Алијанса за Албанците.

Од патијата  но и од владата досега не негираа дека има такви  разговори.

Вчера , премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, рече дека со Алијанса сè уште нема разговори за кадровски прашања.

Поврзани новости