Алијанса за Албанците би поддржала и малцинска влада, но подготвена е и да преземе одговорности и евентуално да раководи со институции, изјави лидерот на партијата Арбен Таравараи кој најави дека за неколку дена, најверојатно следната недела, конечно ќе се знае дали Алијанса за Албанците ќе биде дел од владејачкото мнозинство или не.
Според него, би поддржале и малцинска влада без да добијат министерско или директорско место и да бидат бекап на Владата да обезбедат кворум во Собранието, а Владата да се обиде да обезбеди 80 пратеници за уставни измени.
-И ова сме го понудиле и јавно го кажувам, меѓутоа подготвени сме да земеме и одредени одговорности и евентуално да раководиме одредени институции. Свесни дека ова доближување со власта, односно сите партии кои се дел од Владата, подразбира наш обид за акцелерирање да се стигне до 80 пратеници и ништо повеќе. Ние го кажавме ова и на почеток од разговорите со партиите од власта дека тука сме и од опозиција да изгласаме, рече Таравари во емисијата Вин-Вин.