Покрај ВМРО-ДПМНЕ којa денеска до Собранието поднесе пет амандмани за антикризните мерки што ги предложи Владата, и Алијанса за Албанците поднесе амандмани со кои предлага намалуање на акцизите на горивата.
Со амандманите, Алијанса за Албанците предлага намалување на акцизите за дизел горивото од 15,5 на девет денари, на бензините од 22 на 15 денари и намалување на ДДВ за двата вида гориво од 18 отсто на повластена стапка од пет отсто.
-Ние предлагаме: За дизел горивото акцизата од 15,5 денари да се намали на 9 денари; За бензините акцизата да се намали од 22 денари на 15 денари; ДДВ-то за двата вида горива да се намали од 18 проценти на повластена стапка од 5 проценти“, се наведува во соопштението од Алијанса за Албанците.
Со овие предлози, како што потенцираат оттаму, на малопродажниот пазар во сегашните околности бензинот би се продавал по 77 денари по литар а дизелот по 79,5 денари по литар.
Претходно денеска, и ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани до Собранието за антикризните мерки кои денеска се на собраниска расправа, а се однесуваат на законските измени за акцизата и ДДВ за горивата.
Пратеникот Бојан Стојановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ најави оти ќе гласаат „за“ предложените мерки од Владата, иако сметаат дека се задоцнети и недоволни, но и оти ќе поднесат пет амандмани со четири суштински забелешки.
За попладнево во 15 часот беше закажана седница на Собранието на која ќе се разгледуваат предлозите на Владата за измени на законите за акцизи и за ДДВ.
Според Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.