Алијанса: Ахмети и Заев сo „театарот“ за химната бегаат од неуспехот во интеграциите

by Fokus 23:30
23:30

Нема промена на химната, има неуспех во интеграциите, реагира опозициската Алијанса за Албанците откако денеска се случи и второто бугарско вето во однос на македонската европска интеграција.

-Денеска не добивме датум за отворање на преговори со Европска Унија. Ова е единствената и суровата вистина на денешниот ден. Гатачките со наводна промена на химната се лажен патриотизам со кој Ахмети од една страна сака да направи театар дека наводно ќе смени нешто и Заев од друга страна дека брани нешто. Сета ова измама има само една цел, да ја дефокусира јавноста од единствената вистина на денот, уште еден неуспех во евро интегративниот процес. Наместо лаги, Владата СДСМ-ДУИ треба да даде оставка и отчет за неуспехот во интегративниот процес, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

- Advertisements -

Поврзани новости