Мислам дека Али направи за прв пат сериозна грешка. Досега играше маестрално со нашите недоквакани политичари. Грешката е во тоа што дури 9 од своите пратеници им ги отстапи на коалиционите партнери. Загуби уште еден при прегласувањето. Дел од тие што ги има, ќе бидат купени, изјави претседателот на „Левица“, Димитар Апасиев во интервју за „Слободен печат“.
-За првпат Али ги стави старите „учки – кадри“. Тука се: Муса Џафери, Блерим Беџети, претходниот спикер – сегашен премиер… Тие веќе не ти градат парламентарна кариера. Тие луѓе нема да поднесуваат акти, тие ќе си спијат, ќе доаѓаат само за гласање… Младата екипа негова – младите орлиња му ги нема на пратеничката листа, нема кој да му ја води парламентарната група и тие ќе се изгубат комплетно. Мислам дека стратешки погреши и веќе сфатија дека е пуштен низ вода, додава Апасиев.
Според него, добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но вели „овие кои доаѓаат се уште полоши“.