Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се појави во Спејцијалното јавно обвинителство, каде беше повикан како сведок. Распитот траеше два ипол часа, а по завршувањето Ахмети не сакаше да каже за што бил испрашуван, но рече дека ја извршил својата граѓанска должност.
-Одговорив на поканата на СЈО, кое е формирано со волјата на сите политички партии, за да се расветли вистината и сето тоа што се случува во РМ. Јас гласав во Собранието за основање на оваа институција, СЈО и воопшто не сум ја избегнувал поканата. Сега сме во предистражна постапка, бараме институциите за владеење на правото да постапуваат независно, без емоции и без етнички предрасуди и да се делува во насока на имплементирање на законите, бидејќи само така може да одиме напред, рече Ахмети.
Лидерот на ДУИ во Специјалното јавно обвинителство беше придружуван од неговиот партиски соработник, Артан Груби.