Али Ахмети: Ни треба да го победиме вирусот, а не победа на изборите

by fokus

Апсолутен приоритет на секој од нас, особено ние што сме во јавна служба, е граѓанинот и јавното здравје. Сега, нас ни треба да го победиме вирусот, а не победа на изборите, пишува во писмена изјава испратена до медиумите, лидерот на ДУИ, Али Ахмети откако и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ побараа лидерска средба на која ќе се донесе одлука да се одложат изборите.

-Изборите и кампањата се последни во агендата на нашите приоритети, затоа што сите наши човечки, интелектуални и институционални капацитети ги ставивме на располагање на победа во заедничката борба против вирусот. Сега, нас ни треба да го победиме вирусот а не победа на изборите.Со изборите и кампањата ќе се занимаваме откако ќе ја победиме оваа закана спрема сите нас и заедно Ве уверувам дека ќе го извојуваме победа. Ние сме потполно посветени во адресирање на ситуацијата со Covid 19 и да им помогнеме на нашите граѓани, на лекарите и економијата, се вели во изјавата.

Поврзани новости