102
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на социјалните мрежи го осуди нападот врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
„Најостро можно го осудувам обидот за атентат врз поранешниот претседател, Доналд Трамп. Сме покрај семејството на претседателот Трамп и американскиот народ. Насилството од каква било природа и форма е неприфатливо!
Секој развој во Соединетите Американски Држави го чувствуваме и го доживуваме заедно бидејќи американскиот народ за нашата нација е најголемиот поддржувач и симбол на слободата, демократијата, независноста и еднаквоста.
Сочувство до семејството на жртвата и американскиот народ, а на повредените брзо закрепнување“ – напиша Ахмети на Фејсбук.