Али Ахмети да објасни зошто пред пет години имал средби со руски амбасадори, прашуваат од Алијанса за Албанците

by Fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, деновиве призна дека имал средби не со еден, туку со неколку руски амбасадори во Скопје, како и со амбасадорот на Србија. Можеби ќе тврдите дека средбите со странски дипломати се нормални за претседателите на политичките партии, но во овој случај тоа се тајни средби, кои досега не биле објавени. Никогаш немало официјално соопштение од ДУИ за средби на раководството на оваа партија со руските амбасадори“, велат од опозициската Алијанса за Албанците.

„Јавно прашуваме зошто се одржувале тајните средби, што се разговарало на овие средби, кому му служеле и што произлегло од нив. Конкретно, го прашуваме господинот Ахмети дали овие средби ги одржал пред 27 април 2017 година и пред да му биде продадена парцелата во Тетово на рускиот олигарх Дака Давидовиќ?“, прашуваат од партијата.

Поврзани новости