Премиерот Димитар Ковачрвски се извини и јавно на двете телевизии кои се препознале во неговата изјава.
-Јас не посочив конкретно ниту еден медиум, што може да се потврди од снимката на мојата изјава, но сепак, доколку некој се препознал во тоа што го кажав и има потреба од извинување, тогаш го има моето извинување.
Јас ја почитувам секоја професија и ја ценам. Во контекст на вашата работа, моето појавување пред јавноста и медиумите е без договор со уредници, никогаш не е барано да се добие какви прашања ќе бидат поставени. Никогаш ниеден медиум не добил од мене и од влада и партијата готов прилог. Никогаш никој не се јавувал кај уредници. Тоа е нашиот принцип на работа. Нема дилеми за тоа. Од прв ден на мојата функција се залагаме за слобода на медиуми и транспарентно работење. Стојам лично зад ставот медиумите да бидат растоварени од какви било политички или друг тип влијанија, рече Ковачевски.