Францускиот актер Ален Делон сака да биде евтанизиран. Оваа информација ја потврди неговиотсин Антони Делон, пренесоа светските медиуми.
Ален го замолил Антони да го организира целиот процес и да биде покрај него додека умира. Не е познато кога ќе се случи ова. Ален во ноември лани наполни 86 години.
-Секако дека ја поддржувам евтаназијата. Живеам во Швајцарија, каде таа е легална. Сметам дека е најлогична и најприродна работа. Секој има право да почине без престој во болница и и примање инјекции, рече во неодамнешно интервју за локална телевизија и додаде дека веќе го напишал тестаментот.
Тој доживеа двоен мозочен удар во 2019 година, а уште закрепнува и наведе дека во моментот се чувствува добро, иако мора да оди со помош на бастун.
-Стареењето е одвратно! Ништо не можете да направите. Лицето се менува и го губите видот. Станеш, и по ѓаволите, те заболува зглобот“, рече Делон пред три години.
Неговата сопруга Натали Делон почина во јануари лани. Боледуваше од рак на панкреасот и се одлучи за евтаназија. Некои медиуми наведуваат дека токму нејзината постапка го навела Ален да се одлучи да го направи истото кога ќе сака да замине од овој свет.