Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација Мост, во гостување во „Утрински брифинг“ истакна дека е потребно Владата со уредба да им наложи на институциите да ги „спакуваат“ изборите.
Посочи и дека во Јужна Кореја изборите беа спроведени во услови на пандемија, а без сериозни последици по здравјето на граѓаните.
„Дали е изводливо да одиме во продавница или на пазар во овој период? Има работи кои граѓаните секојдневно ги прават, а наликуваат на нешто што значи гласање на избори. Ако се земе примерот со Јужна Кореја, таму се гласаше и имаше рекордна излезност и потоа немаше нови пикови. Така што изводливо е гласањето. Ова не се регуларни избори. Во 2004 година кога имавме вонредни претседателски избори, избирачкиот список беше ставен во функција за само 10 дена. Она што ДИК може да го направи денес е да ги повика граѓаните да направат проверка на личните податоци во канцелариите на ДИК. Практично избирачкиот список е на увид секој ден“, вели Алексов.