662
Емилија Александрова, пратеничката од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, во интервју на ТВ 21 рече дека и опцијата за формирање на нова партија е вредна за размилување.
-Сум слушнала за шпекулациите за формирање на нова партија со луѓе кои се од ВМРо-ДПМНЕ, јас лично со никого не сум разговарала. Но, можам да кажам дека секоја опција е вредна за размислување, доколку е во интерес на државата. Вратата е отворена, доколку има расположение, доколку има капацитет, ние сме тука за соработка, но сепак одлуките се индивидуални, вели Александрова.