Популарната поп-фолк пејачка Александра Пријовиќ, која изминатиот период успеа да распродаде десетици концерти во регионот, и е единствената музичка ѕвезда која петпати ја наполнила загребска Арена, доаѓа во Скопје.
Нејзиниот солистички концерт е закажан за 14-ти јуни во Арена Борис Трајковски, и наскоро се очекуваат повеќе детали околу настанот и продажбата на влезниците.
Концертот е во склоп на турнејата ,,Од исток до запад”, која е всушност прва голема турнеја на Пријовиќ и започна на 29-ти септември 2023 година во Штарк Арена, Белград, а потоа продолжи во Хрватска, Босна…
За трите одржани концерти во Белград, таа успеала да продаде 45.000 влезници и да заработи околу еден милион евра. За распродадените концерти во Загреб пак, тамошните медиуми ја нарекоа регионален феномен.
Вики Клинчарова