Александар Стефанов е избран за нов претседател на РФМ

by Fokus

Стопанственикот Александар Стефанов е избран за нов претседател на Ракометната федерација на Македонија и на таа функција ќе го наследи Живко Мукаетов.

Мукаетов заминува како најуспешен претседател во историјата на РФМ, а Стефанов ќе добие задача да го продолжи неговиот успех и да донесе уште подобри времиња за македонскиот ракомет.

- Advertisements -

Стефанов беше избран за нов претседател едногласно со поддршка на сите делегати на изборното Собрание кое се одржа во Скопје.

Поврзани новости