Александар Шуковски е нов заменик-директор во „Македонија пат“, на местото на Сашо Дранго

by Fokus

Александар Шуковски е в.д. заменик-директор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“.

Веста ја соопшти самиот Шуковски на својот фејсбук-профил, кој во објавата упатува благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, членовите на Владата и членовите на Управниот одбор на институцијата.

- Advertisements -

„Денес е мојот прв работен ден на позицијата, В.Д. заменик Генерален Директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија Пат). Голема благодарност до Претседателот на Владата, Г-дин. Проф.д-р Христијан Мицкоски, членовите на владата и членовите на управниот одбор на институцијата за дадената доверба.

Дадената доверба е голема обврска но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена.“, напиша Шуковски.

Шуковски доаѓа на местото на Сашо Дранго кој пред два месеца објави фотографија на која позира со убиена мечка, а тоа предизвика реакции во јавноста.

Премиерот Мицкоски тогаш рече дека ако се докаже дека навистина ја застрелал мечката со која се фотографираше, од Дранго ќе бара одговорност и негово разрешување од функцијата.

Поврзани новости