Александар Шапиќ – кандидатот на владејачката коалиција на Српската напредна странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на денешната седница на градското собрание на Белград пак е избран за градоначалник на главниот град на Србија.
По минатонеделното конститурање на собранието на град Белград, на кое Никола Никодијевиќ од СПС е избран за нов претседател, тој на денешната седница го предложи досегашниот градоначник Александар Шапиќ за нов градоначалник на Белград пред заедничката коалиција „Александар Вучиќ-Белград утре“.
За изборот на Шапиќ гласаа 64 од 82 советници. На предлог на Шапиќ за негова заменичка е поставена Весна Видовиќ.
Саво Манојловиќ, лидерот на движењето „Крени-промени“ изјави дека оваа советничка група нема да учествува во работата на градското собрание на Белград, додека опозицските одборници од коалицијата „Го бираме Белград“ не го подржаа изборот на Шапиќ.
Според резултатите од изборите во Белград одржани на 2 јуни, изборната листа „Александар Вучиќ-Белград утре“ има мнозинство од 64 мандати во Градското собрание кои брои 110 одборници.