Александар Ружин и Венко Андоновски нови советници на премиерот Заев

by fokus

Бројот на надворешни соработници на Зоран Заев порасна на 39 лица, пишува Истражувачка репортерска лабораторија. Заедно со редовните сега има вкупно 63 советници. Тоа се две третини од бројката на советници на Никола Груевски, за кој лани владата на СДСМ на јавноста и откри дека за една година потрошил 1,7 милиони евра за 91 советник. Претседателот на владата има постојано вработени државни советници и посебни советници (24) и има право да ангажира неограничен број на надворешни советници. Таквиот советник може да зема еднократен надомест, да биде ангажиран на проект во одреден временски период, но и да биде на списокот на постојани месечни хонорари.

Меѓу новите имиња со постојан месечен хонорар се и универзитетскиот професор од Kaтедрата за македонски јазик Венко Андоновски и Александар Ружин, син на поранешниот дипломат и актуелен професор на ФОН, Нано Ружин. Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија го побара ажурираниот список со надворешни соработници, односно советници на претседателот на Владата за да следиме дали има промени и какви се ангажманите на овие лица.

Од почетокот на годинава Александар Ружин му стана дипломатски советник на премиерот. Во владиниот одговор пишува дека секој месец тој зема 50,000 денари за да дава совети за „економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург)  и Франција“.

Целиот текст можете да го прочитате на овој линк.

Поврзани новости