Александар починал еден час откако грчките спасувачи го испуштиле во бездната

by fokus

На врвот Кајмакчалан, смртта настапила прво кај планинарката Калина Велеска, а еден час подоцна починал Александар Миновски. Времето на смртта е од извештајот за обдукција направен во солунскиот институт за судска медицина, а за Телма ги потврди форензичарот Леонидас Мармалакис.

Миновски Александар, 10-ти февруари, околу 11 часот навечер. Тоа е заведено како време на смрт, рече Мармалакис.

Телма:-За Калина?

Мармалакис: Истиот ден околу 10 (22) часот.

Обдукцијата утврдила дека причина за смртта е смрзнување, потврди форензичарот од судска медицина во Солун.

Во грчкиот институт не ни одговорија дали двајцата планинари имале други повреди и  скршеници, бидејќи во полицискиот извештај кој го објави Телма во понеделник стоеше дека Александар бил најден во 22 часот во свесна состојба, а спасувачите се обиделе со ремен да го извлечат но тој им паднал во подлабока бездна и не можеле да го пронајдат.

Еден час по неуспешното спасување, Александар починал – утврдиле во солунската судска медицина.

Поврзани новости