671
Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, ќе ги предложи долгодишните пратеници Александар Николовски и Влатко Ѓорчев за нови потпретседатели на партијата, дознава Фокус од високи партиски извори.
Неофицијално, во конкуренција за потпретседателска функција е и пратеникот Емил Димитриев, кој беше генерален секретар во ДПМНЕ пред поранешниот лидер Никола Груевски оваа функција да му ја додели на Мицковски.
Моментално се оддржува седница на партискиот Централен комитет, кој треба да го избере и новиот состав на Извршниот комитет.
В.С.